top of page

Есенски соништа

Во тивкото крајбрежно гратче Сисајд, Кас Мертон се обидува да најде рамнотежа меѓу семејството, одговорностите и сопствените соништа. Гордата сопственичка на мал хотел во кој се нуди ноќевање со појадок е заинтригирана од Ден Хармон, кој пристигнува во „СиСонг“ на подолг престој. Откако го видел со сопствени очи рушењето на кулите близначки во Њујорк, овој побожен финансиски експерт почнува да го преиспитува својот живот, кариера и врските — или нивното отсуство.

Во исто време, Кас се двоуми дали направила вистински избор што прифатила цела година да се грижи за својот безгрижен внук и темпераментната тинејџерка внука, додека нивните родители работат на Блискиот Исток. На тоа се надоврзуваат и нејзините четворица браќа, кои воопшто не ја сфаќаат сериозно опсесијата на нивниот татко со натпреварите, како и растечката деменција на мајка им. Емоциите на Кас се вртат како ураганот што брзо се приближува кон Сисајд.

Но секојдневните грижи не се единствениот нејзин проблем. Кога еден вознемирен млад вработен несвесно ќе ја доведе во опасност, а Кас ќе стане заложник на вооружен човек, Ден ќе мора итно да побара помош.

  • Автор

    Гејл Ропер

  • Број на страници

    403

ден590,00 Regular Price
ден472,00Sale Price

ПОПУСТ ПРЕД BLACK FRIDAY 20

Quantity

ЗБОР - Издавачка куќа

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • YouTube

Сите права се задржани ©2021 by ЗБОР

bottom of page