top of page
За копнежот, љубовта и зборот

За копнежот, љубовта и зборот

Стихови што ќе ве воведат во кралството на поезијата, каде зборот царува и чувствата се сочни и богати и ќе ги почувствувате, помирисате и вкусите со сите ваши сетила и вашата душа ќе биде наситена, а во исто време ќе почувствувате уште поголем апетит. Само мала лажичка од она што ве очекува помеѓу овие корици:

 

„Да го прегрнеш животот,

Во песната на мадригалот да заспиеш,

Во очите на сродната душа да се склопчиш.

Целиот свет да стои, само душевните жилички да пулсираат.

И соништата со вечните капки на можноста да си поигруваат

Пред слатката опојност да се покориш,

Да ја бараш слободата на твојот глас.

Да пуштиш неговиот глас да стане водилка на храброста твоја

И духот во пранги да не му го придвижуваш,

Да пуштиш да талка со чекорот свој низ оние сонливи чемпреси на зимското утро.

И кога мракот сомнеж ќе ти создава,

Да си припомниш, дека тој е носителот на твојата светлина

Тој е твојот воин, кој секогаш ќе застанува насмевката на твојот лик да ја погледне

И солзите и болката ќе ти ги одземе

И тогаш знаеш дека неговото срце е во твоето.

И вечноста му ја подаруваш,

Во молчаливата растрепереност на љубовта.“

 

  • Автор

    Марија Кулеска

ден300,00Price
bottom of page