top of page
Исчезната

Исчезната

Репортерката Мојра Харисон е изгубена. Во темнина. Среде силно невреме. Кога едно збунувачко пренасочување ја носи на осамен шумски пат, ја шокира ненадејната појава на осамена фигура фатена во светлината од нејзините фарови. Иако Моjра нагло кочи, автомобилот занесено се лизга по влажниот асфалт, а тапиот удар во страничниот дел од возилото ѝ открива дека ја удрила личноста пред да се забие во дрво од другата страна на патот.

Зашеметената Мојра чувствува олеснување кога еден маж ја отвора вратата, ѝ вели дека видел сè и ветува дека ќе повика итна помош. Потоа сè тоне во црнило. Кога се освестува еден час подоцна, таа е сама. Нема маж. Ги нема итните служби. Нема повредено лице покрај патот. Но не може да го заборави изразот на ужас што го виде на лицето на личноста во мигот пред фаровите да се свртат настрана.

Личноста што ја удрила била во неволја. Во тоа е уверена. Но не успева никого да убеди да ѝ поверува на нејзината приказна, освен еден згоден поранешен полициски детектив, сега приватен истражител, кој се согласува да го преземе случајот.

 

*Книгата е саемски новитет. Ќе биде достапна на саемот на книгата од 23 април.

    590,00 ден.Price

    РОДЕНДЕНСКИ

    Quantity

    ЗБОР - Издавачка куќа

    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    • YouTube

    Сите права се задржани ©2021 by ЗБОР

    bottom of page