Километри широк, метар длабок
Губењето на себеси
(отуѓувањето од човештвото)
протекува мирно како ништо
лично не се случува.
Секој друг губиток (рака, нога, пари, маж,
жена) веднаш се забележува.
Човекот е поврзан со с ѐ и со секој
на земјата. Слободни сме да размислуваме
за суштината; да се биде вклопен во
светот, пренесувајќи љубов и душегрижност..
Да се ослободиме од себичноста,
да градиме и соработуваме.
Затоа што:
Колку подлабоко човекот е симнат во подземјето на Платоновата пештера, толку посилно е негирањето на човечката раса. И понекогаш срцето е појако од разумот, а љубовта е подарок за кој треба да се потрудиме сесрдно
*Книгата е самески новитет и ќе може да се купи од 8 мај на саемот на книгата, во нашите книжанрници и да се порача онлајн.
Автор
Светлана Босилкова Далевска
Број на страници
114