Краот над кралевите - потрагата продолжува
Тајната за Александар Македонски сè уште не е откриена… а некој е подготвен и да убие за да остане така.
Кога една опасна потрага започнува во Охрид, таа брзо се претвора во трка со времето што води низ Европа и Блискиот Исток. Скриени траги, древни записи и тајни организации го вовлекуваат Марко заедно со неговите сојузници во свет во кој секој чекор може да биде последен.
Предавства, киднапирања и смрт го следат нивниот пат, додека вистината за една од најголемите историски мистерии сè повеќе се приближува.
Но прашањето останува исто:
Дали човештвото е подготвено да ја дознае вистината?
*Книгата е саемски новитет. Ќе биде достапна на саемот на книгата од 23 април.
Автор
Панче Коцев
Број на страници
342
480,00 ден.Price
