Куќата на Фостер Хил
За Кејн Прескот, смртта не е нешто непознато. Кога ѝ умира сопругот пред две години, нејзините молби за подетална истрага околу неговата сомнителна смрт остануваат без одговор. Во очајничка потреба за нов почеток, Кејн купува стара куќа, без претходно да ја види, во родниот град на својот дедо во Висконсин. Но уште при првиот поглед кон морничавата напуштена куќа, таа почнува да ја преиспитува својата избрзана одлука. А кога мрачната историја на куќата се враќа со полна сила, Кејн е принудена да се соочи со застрашувачката вистина дека веќе нема каде да се скрие.
Еден век порано, куќата на Фостер Хил за Ајви Торп носи само болни спомени. Кога на имотот е пронајдено тело на неидентификувана жена, Ајви чувствува силна потреба да го открие нејзиниот идентитет. Потрагата ја вовлекува во опасни води и, додека повторно соработува со маж од своето минато, се поставува прашањето: ќе успее ли да ја разоткрие мистеријата пред да бидат изгубени уште животи — вклучувајќи го и нејзиниот
Автор
Џејми Џо Рајт
Број на страници
375
Попуст за 8 Март

