top of page
Македонствување

Македонствување

МАКЕДОНСТВУВАЊЕ*

Камените постели сами си ги пославме,

легло над нив си издлабивме.

И што направивме?

Каменот на срце си го ставивме.

Во стеблото отров ни сипаа,

коренот да ни суши - да пресуши,

фиданки нови да не пушти,

тие што ги има под друго небо да растат,

огнот во градите да ни го згаснат.

Ах, бездушни!

Бел ден да не видат!

Ни земаа сѐ што ни е свето,

на историјата ни ставаат вето,

малку им се сите клетви до колено трето.

Името ни го земаа,

за јазикот милост немаат,

градовите и селата ни ги испразнија,

во пустелии ги претворија,

по светот луѓето ни се селат,

им остана уште да не поделат.

А ние уште ли ќе молчиме?

Пак ли ќе премолчиме?

И семето и племето ќе си ги изгориме

ако и без борба не се бориме!

Ништо ли нема да сториме?

Зарем уште ќе бидеме

страдалници на векот?

Македонствувај!

Македонија ни е светост!

МАКЕДОНСТВУВАЊЕ е лекот!

* Македонствување е воскреснување и чување на македонското име/идентитет, македонскиот јазик, македонската култура, македонската традиција и македонските духовни вредности.

  • Автор

    Десанка Николова

  • Број на страници

    250

ден400,00Price
bottom of page