top of page
Мирис на камилица и ментол

Мирис на камилица и ментол

Не далеку од едно далечно некаде...

Онаму каде што ѕвездите тајно се среќаваат со високите планински врвови. Онаму каде што луната тајно се љуби со високите тополи...

Таму далеку каде што се слуша гласот на тишината...

Каде цутот на црешите носи спомени за него, за неа...

Таму каде што остриот мирис на ментолот и благиот мирис на камилицата се мешаат и раѓаат една љубовна приказна за која се верува дека царува во бескрајот...

Зад сите тополи кои се извишуваат во небесните далечини и зад сите планини кои се љубат со срамежливите ѕвезди се наоѓа дрвената колиба, расцутените цреши и бујната камилица испреплетена со гранчиња ментол кои раскажуваат една приказна...

Приказна која не може, а да не расплаче едно живо срце...

Напишана од животот...

Раскажана без зборови...

Исплачена за сите времиња...

  • Автор

    Симона Арсовска

ден350,00Price
bottom of page