top of page
Молкот на страдањето

Молкот на страдањето

Дали животот беше испишан според нејзините правила? Животот знае да задава страшни и остри удари, но ударите што ѝ ги задава на малата Ана се толку постојани што не може да се исправи да го види сјајниот ден. Секој нов удар за неа е и нов предизвик кон нова цел за кревкоста во неа и за тоа како таа толку малечка да му се спротивстави на животот. Начинот на кој таа го надминува сето тоа и со што сè мора да се соочи е поттик за секого да изоди цврсто и храбро низ сè што животот ќе му зададе. Таа е само дете, таа е толку невина, но таа се повлекува во еден поинаков свет, свет без постојаност каде молкот и стравот се врежани во душата неспокојна. Не затоа што таа го посакува тоа, напротив го посакува истото што го сакаат и другите деца, но одземена ѝ е можноста да го има она што му припаѓа на секое дете. Тоа продолжува да трае и кога Ана ќе стане тинејџерка, но до кога ќе трае агонијата низ борбата за подобар живот – ќе откриете во оваа книга.

Вистинската приказна за Ана нè води низ битката на животот, низ молкот на страдањето.

  • Автор

    Ивана Глоѓуновска

ден320,00 Regular Price
ден250,00Sale Price
bottom of page