top of page
Новото место кое го нарековме дом

Новото место кое го нарековме дом

Кога Лина и нејзиното семејство се селат во нов град, зад себе ги оставаат спомените, пријателите и познатото чувство на сигурност. Пред нив е непознат свет исполнет со нови улици, ново училиште и многу прашања. Дали ќе се вклопат? Дали ќе пронајдат нови пријатели?

Низ низа мали, но значајни авантури, Лина и нејзиниот брат Тони учат како да се соочат со стравовите, да бидат искрени, да веруваат во себе и да ја откријат вистинската вредност на пријателството. Од првите училишни денови, преку тајни мистерии и предизвици, па сè до моменти на храброст и добрина – секој ден носи нова лекција.

Ова е топла и инспиративна приказна што потсетува дека домот не е само место, туку чувство што го носиме во себе – каде и да сме.

  • Автор

    Надица Митевска

300,00 ден.Price
Quantity

ЗБОР - Издавачка куќа

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • YouTube

Сите права се задржани ©2021 by ЗБОР

bottom of page