Париз го оставив за тебе
Лили конечно го живее животот што отсекогаш го посакувала – има сопруг што ја сака, дом и долгоочекувано бебе. Но, наместо среќата што ја замислувала, по раѓањето на ќерка ѝ започнува тивка и болна борба со самата себе.
Додека сите околу неа гледаат „совршена мајка“, Лили тоне во стравови, несоници, анксиозност и чувство дека не е доволно добра. Заробена помеѓу мајчинството, сопствените мисли и љубовта што никогаш не успеала целосно да ја заборави, таа се обидува да најде начин повторно да се пронајде себеси.
Во исто време, Илин живее со загубите што животот му ги оставил и со споменот на девојката која некогаш му ветила дека ќе биде со него засекогаш.
„Париз го оставив за тебе“ е емотивен роман за љубовта што не исчезнува, за тежината на постпородилната депресија за која ретко се зборува гласно, и за жената која се обидува да преживее помеѓу минатото, мајчинството и сопствените тивки битки.
Автор
Маја Секулоска-Стојанова
РОДЕНДЕНСКИ

