top of page
Под дрвото на лалето

Под дрвото на лалето

Некои приказни се премногу болни за да бидат раскажани. Други се премногу важни за да останат засекогаш премолчени.

Кога падот на берзата во 1929 година ги уништува нејзините соништа за живот исполнет со пишување, Рина Лиленд останува заробена во свет што веќе не го препознава. Седум години подоцна, нејзиниот татко, некогаш успешен банкар, се предал на алкохолот, сестра ѝ е заробена во несреќен брак, а Рина е невработена новинарка која очајно бара можност повторно да пишува.

Кога ќе добие работа да ги запишува сведоштвата на поранешните робови, Рина ја запознава сто и едно годишната Френки Вашингтон. Нејзината искрена, но потресна животна приказна ќе ја натера Рина да се соочи со суровите вистини за ропството  и со сознанието дека нејзините сопствени предци поседувале робови.

Додека Френки ги открива спомените што со децении ги носела во себе, меѓу двете жени се создава неочекувана врска, посилна од разликите во возраста, расата и животните околности. Но една тајна, што ниту една од нив не ја насетува, може засекогаш да го промени сето она што мислеле дека го знаат.Трогателен роман за болката и надежта, за минатото што не смее да се заборави и за моќта на приказните да ги поврзат дури и најоддалечените човечки судбини.

  • Автор

    Мишел Шокли

  • Број на страници

    390

590,00 ден.Price
Quantity

ЗБОР - Издавачка куќа

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • YouTube

Сите права се задржани ©2021 by ЗБОР

bottom of page