top of page
Распарчени

Распарчени

Пајпер Мекена не можеше да биде повозбудена што нејзиниот „изгубен“ брат Риф се врати во Јенси, Алјаска, по пет години. Но нејзината среќа е краткотрајна кога Риф ќе се појави во нејзината куќа облеан во крв. Една колешка сноубордер е убиена ‒ но и покрај доказите, Риф се колне дека е невин. И Пајпер му верува.

Заменикот Лендон Грејнџер ги сака Мекенови како семејство, но тој исто така се заколнал дека ќе ја открие вистината. Пајпер е фрустрирана од неговата потреба за факти наместо вера, но знае дека најблиските имаат моќ најмногу да те измамат. Некои неочекувани траги ја комплицираат истрагата, а следењето на вистината може да значи ризикување на кариерата на Лендон.

Додека Пајпер ја води сопствената потрага, двајцата се упатуваат длабоко во суровата заднина на Канада ‒ и се случуваат неочекувани компликации. Не само што се чини дека нивното долго пријателство се претвора во нешто повеќе туку овој опасен случај со секој чекор ќе стане сè посмртоносен.

 

*Книгата е самески новитет и ќе може да се купи од 8 мај на саемот на книгата, во нашите книжанрници и да се порача онлајн.

 

  • Автор

    Дени Петри

  • Број на страници

    416

ден590,00Price
Quantity

ЗБОР - Издавачка куќа

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • YouTube

Сите права се задржани ©2021 by ЗБОР

bottom of page