Свет во различни бои
Секој човек носи свој свет. Некој го испол- нува со надеж, некој со спомени, љубов и копнежи, а некој со тивките битки за кои ретко зборува.
„Свет во различни бои“ е антологија што обединува различни авторски гласови, чувствувања и животни приказни. Преку раскази и литературни сведоштва, таа нè води низ светот во кои се преплетуваат пријателството, љубовта, различностите, семејството, загубата, истрајноста и надежта.
Ова се приказни за луѓето што се борат, за оние што сакаат, за оние што се обидуваат повторно да започнат и за сите што и покрај животните предизвици, не престануваат да ја бараат светлината.
Различни погледи. Различни искуства. Различни бои на човечката душа.
Зашто светот не е убав затоа што сите го гледаме исто, туку затоа што секој од нас му дава своја боја.
Автор
Антологија

