top of page
Странецот

Странецот

Времињата се тешки во 1893 година. Среде економска депресија, Јаков Хирш ја губи работата во банката. Очаен за работа, вдовецот патува по шините западно од Чикаго со својата четиригодишна ќерка Кејси. Неговата ќерка е многу болна, па е приморан да бара помош и да се симне од возот во непозната област за него, во градот Хомстед, во областа Ајова, каде што живее заедницата Амана.

Лизел, млада жена од заедницата Амана, ја зема Кејси под своја закрила во Амана, а старешините од Хомстед му нудат работа на Јаков. Но, безбедноста и редот на заедницата Амана се загрозени кога старешините читаат статија во весник во која пишува дека Јаков Хирш го бараат за проневера на голема сума пари и дека се нуди награда за оној што ќе даде информација каде е. Старешините откриваат  дека Јаков е заинтересиран за свршената Лизел, па тие го замолуваат да ја напушти колонијата. Јаков тврди дека е невин и лажно обвинет и се обидува да го исчисти своето име.

Дали Јаков ќе може да остане во местото што го чувствува како свој дом и со жената што ја сака или Лизел ќе биде приморана да го напушти својот дом за човекот во кој се вљубува и детето што го засакува како свое? Или, сепак пречките се преголеми за да биде возможна оваа љубов?

  • Автор

    Мелани Добсон

  • Број на страници

    360

ден490,00Price
bottom of page