top of page
Тенок мраз

Тенок мраз

Откако ги губи родителите во автомобилска несреќа, а сестра си во пожар, Кристи Рид не може да се ослободи од тагата. Конечно, животот повторно почнува да се враќа во нормала кога едно писмо стасува во поштенското сандаче – адресирано со ракописот на сестра ѝ. И порака што тврди дека е сѐ уште жива.

Специјалниот агент на ФБИ, Ленс Мекгрегор, поранешен оператор на Делта-силите, има задача одново да го отвори случајот, но наидува на повеќе прашања отколку одговори. Ако Џини Рид е сѐ уште жива – која е жената закопана во нејзиниот гроб? Каде е Џини? И дали Кристи е пион во изопачената игра – или цел на злокобната завера? Како што копа подлабоко, едно нешто станува јасно: кој и да стои зад бизарната измама, има агенда што не ветува ништо убаво.

Ајрин Ханон и овој пат ги грее срцата на читателите додека ја развива романсата помеѓу Ленс и Кристи, но ги задржува сите елементи на трилер што ќе ве наежи од почеток до крај..

  • Автор

    Ајрин Ханон

  • Број на страници

    406

ден490,00 Regular Price
ден294,00Sale Price
bottom of page