top of page
Фатена на дело

Фатена на дело

Бескрајни денови со лоша фризура; не еден, туку два романтични преплета; себична колешка од работа – животот и онака е веќе сложен за новинарката Мерили Крамер. Но кога ќе го најде мртов поранешниот сопруг на колешката во неговиот дом, Мери сфаќа дека работите штотуку почнуваат да се комплицираат. Кој би сакал да убие толку фин човек како Арни Маистер? Се чини дека списокот е долг и станува уште подолг. И токму кога трагите покажуваат кон едно осомничено лице, нешто или некој ја вади Мери од колосек. Во случајот полн со диверзии, големото прашање е: Кој не е виновен?

Во меѓувреме, животот продолжува да тече особено бидејќи се појавува можеби оној вистинскиот. Мери се наоѓа во средина помеѓу збунувачкиот лавиринт на љубовта и личните избори од една и убиството од друга страна. И само вербата во Бог и сопствените инстинкти можат да ѝ помогнат да ја реши не само мистеријата за смртта на Арни Маистер, туку и на своето срце.

  • Автор

    Гејл Ропер

  • Број на страници

    285

ден420,00Price
bottom of page