top of page
Љубов и страст

Љубов и страст

Поетската книга „Љубов и страст“ на поетeсата Тања Гоцева, има перцепција - за идеално напишани поетски творби.

Во „Љубов и страст“ Гоцева се пронаоѓа себеси. Таа тврди со непрекорен протест и со голема одлучност дека ќе го пригуши немирот во душата, ќе го избрише него во минатото и ќе го засени во сегашноста. Ќе го научи нејзиното срце да живее без него!

Книгата претставува поетски лавиринт, еден љубовен патоказ, еден инсерт од љубовното поднебје на авторката Гоцева. Секоја поетска творба – е своја приказна, а сите заедно - се животна епизода.                                  

Поетесата пишува, без и најмалку да се засегне за нејзината отвореност. Едноставно, зборува со душа-та, баш така како и што чувствува.                                                                                                                         

Стиховите се обликувани со емоции и имаат своја тежина.

Тања Гоцева е современа поетеса која чекори во кругот на современата поетска литература. Начинот на кој пишува е директен, искрен и накитен со многу лирски фалти и завиткани метафори. Едноставно, нејзиното перо знае што пишува, како пишува и што сака да ни каже.

  • Автор

    Тања Гоцева

  • Број на страници

    124

ден300,00 Regular Price
ден250,00Sale Price
bottom of page