top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Прва рецензија од читател за "Регрути" - Томас Лок


Пишува: Радица Лазарова Ќурчинска


Регрути - интергалаксички трилер со примеси на романса и силна тинејџерска љубов.

Двајца тинејџери од транзитната станица Земја се одбраните кои ќе се обидат да ги спасат не само Земјата туку и другите планети со хуманоидна популација од инвазија за вонземјани. Ќе успеат ли регрутите да ја спасат галаксијата од опасноста која тлеела 4 века?



Книгата се чита полека, со отворен ум и фантазијата задолжително вклучена на "ON" бидејќи изобилува со сф термини и описи кои невозможното го претставуваат возможно!

Признавам две ноќи ја сонувам железничката станица со стаклени возови.

Препорачувам.

Благодарност до Збор - Издавачка Куќа за книгата, со нетрпение го чекам и следното продолжение од Серијата регрути!



30 views0 comments

Comments


bottom of page