top of page
Search

Рецензија од прв читател за Кралски Божиќ

Александра Василева


Не секогаш и секому се случуваат чуда. Не секому и секогаш животот може во еден миг да му стане бајка.

Бог знае како да ги нареди работите

Божиќ е време на радост, љубов, мир, спокој, време кога го славиме Раѓањето христово и секој човек во себе носи НАДЕЖ


Аделаида е скромна девојка која после смртта на мајка и се бори низ животот самостојно да опстои. Нејзиниот живот не е бајка и не верува во чуда бидејќи единствена надеж и желба и е што поскоро да го заврши правниот факултет и да застане на свои нозе, да не мора уште долго да ги служи луѓето со кафе во кафулето каде работи.

Нејзината чиста душа и цврст праведен карактер се нејзината храброст поткрепени со прекрасна телесна убавина.

Писмото со кралски печат е адресирано до Аделаида, но здравиот разум не верува дека постојат бајки во стилот на Пепелашка.

Повикана е на посета во кралството Монтовија (мала земја колку една точка на европската карта но моќна и совршено убава)но не како обичен посетител таа е единствениот жив наследник на кралот Макс.

Колку и да не верува во бајки сепак Аделаида решава да тргне да го види и запознае својот татко на кого му се одбројани деновите живот.

И веќе чудата почнуваат. Една обична девојка продавачка на кафе, добива титула принцезата на Монтовија.

Но дали е се чисто во таа мала земја?

Секогаш и секаде постоеле и ќе постојат злобници, луѓе манипулатори и самобендисани егоисти кои се родени да го уништат сето добро околу себе ....

Кралски Божиќ е една прекрасна приказна со доза на романтика, божиќна идила и освежувачка бајка. Книга која не тера да веруваме во чуда, во правда, во божиќната магија. Со лесен стил за читање, релаксирачка и доста описи на едно модерно кралство.

И иако овој жанр сакам да го читам за Божиќ, јас не успеав да се воздржам. Прекрасната корица и насловот беа премногу примамливи за да чекам.

Книга која ја препорачувам да се прочита, затоа што носи многу убава порака за праведноста и вербата, за љубовта и божиќната магија.

62 views0 comments

Comments


bottom of page