Маја Кулевска
,,Закопани тајни" - Ајрин Ханон
Дејството во книгате се одвива во малото и мирно место Карсон - Мисури, каде што живее и работи како началник на полицијата младата Лиса Грент,која претходно работела како детектив во Чикаго. Поради бурниот живот што го имала таму , големиот број на настани и немилиот настан кој и се случил таму таа решава да живее помирен живот и поради тоа се преместува од Чикаго во Карсон.
При вршењето на работни активности на градилиште во Карсон случајно тимот од градилиштето ќе откопа човелки скелет. Од тој момент Лиса започнува да работи на случајот во кој се вклучува и детективот Мек Мекгрегор од полициското биро за криминал при округот Сент Луис, истиот поранешен припадник на специјалната единица ,,Фоки" кој исто така поради лични причини се повлекува од специјалната единица. Во истрагата се вклучува и тимот на форензичари кои при откопувањето,пребарувањето на местото и откривајнето на едно мало зрнце од камен од прстен кој го носела жртвата доаѓаат до откривање на идентитетот на жртвата и времето кога е извршено кривичното дело.
Откриваат дека жртвата е младата девојка Алина Комиски која е од Чешка и пред 24 години со размена на студенти дошла во Карсон. Студирала заедно со своите цимерки Ерика и Џесика Ли, со кои и го поминувала слободното време, забавувсјќи се со нив и со дечкото на нејзината цимерка Ерика, Џо.
Но зошто и кој го извршил убиството? Низ различен сплет на настани и истраги кои ги вршат началничката и детективот ќе се откопаат тајните кои биле закопани пред 24 години.
Во текот на истрагата помеѓу началничката и детективот почнува да тлее едно мало жарче, кое се повеќе се разгорува и прераснува во љубов.
Кој е убиецот и за какви закопани тајни се работи, оставам вие да откриете со читањето на оваа прекрасна книга.
Топло ви ја препорачувам.
Книга која вреди да се има во сечија библиотека.
Comments