top of page
Search

Впечатоци од читател за „Колатерална штета“

од Марина Јакупек


Пред да почнам да пишувам било што морам да се заблагодарам на мојот брат што ми овозможи да ја уживам оваа прекрасна книга. Во книгата се случува толку многу за на крај да се создаде една доста сложена загатка која сите ние како читатели треба да ја одгатнеме. Во книгата главното внимание е насочено кон два главни лика Брук и Адам кои што на некој начин доживеале слична судбина во Авганистан и сега тие се соочуваат со трауматичните секавања кои длабоко останале врежани во нивната глава. Сега тие на американско тло се соочуваат со нови трауми и уште во моментот кога Адам заминува на советување кај психијатарот Брук. Тие ќе бидат подложени на страшно гонење и борба за опстанок, а дали сето ова се случува поради нивната мисија во Авганистан или се работи за нешто сосема друго оставам да откриете сами.

Она што посебно ме изненади во оваа книга беше длабочината на емоциите, тагата и стравот на ликовите, како и дозата на мистичност на секоја страница.

45 views0 comments
bottom of page