top of page
Search

Рецензија за "Арсен"


Напишано од: Мариетка Петровска


Кејт е млада, паметна девојка која само неколку месеци ја делат од магистерската титула. Нејзиниот живот бил исполнет со многу тешкотии и разочарувања. Додека нејзините пријатели заминуваат надвор од земјата во потрага по вработување и подобар живот, таа одлучува да остане и да конкурира на еден оглас што случајно го наоѓа на интернет. И среќата ѝ се насмевнува. Таа успева да го добие работното место. Помеѓу нејзините колеги е и Ведран, високо црномуресто момче чие лице зрачи со ведрина. Помеѓу нив се раѓа љубов што ги исполнува двајцата.

Но сè се менува за миг еден ден кога Кејт оди накај Ведран, а по патот ја одминува возило на брза помош со вклучена сирена. Лошо претчувство се јавува кај неа.

Ведран е мртов, а истрагата утврдува дека се работи за самоубиство. Братот на Ведран и Кејт не можат да го прифатат тоа, па започнуваат сопствена истрага со помош на детектив. Истрагата открива цела криминална мрежа во која биле вклучени многу луѓе. Дали Ведран имал причина да се самоубие или се работи за убиство? Ќе дознаете откако ќе ја прочитате приказната до крај.

54 views0 comments
bottom of page