top of page
Search

Рецензија за "Бегство"- Лиса Харис


Од Христијан Аџиоски



✳️ Ако ти се заканува казна од доживотен затвор и наеднаш ти излезе шасна да се спасиш - дали би ја искористил?

✳️ Дали би направил сè да ти се изгуби секаква трага и да ги натераш да се откажат оние кои доаѓаат по твојата слобода?

✳️ Како авионската несреќа можеби некому да значи среќа? Може, ако си патник-затвореник и те носат на судење, да ти го прочитаат останатиот дел од животот.

✳️ Но остроумниот затвореник Берик пред да ѝ се предаде на власта, ѝ се предава на животната филозофија - во моментот кога повеќе нема што да се изгуби - може само да се добие! И тоа, по секоја цена!

✳️ Како од окован затвореник со лисици и затворска облека доаѓа до телефон, оружје, пари и многу помошници кои си ги ризикуваат и своите животи само да не го предадат?

✳️ Неговите прогонувачи, американските маршали Медисон Џејмс и Џонас Квин, следејќи ги сите траги што Берик им ги остава за да ја оневозможи нивната мисија, се заплеткуваат во една нерешлива Рубикова коцка. Во целата бурна акција постојано се прашуваат - како бегалецот Берик успева постојано да биде еден чекор пред нив?

✳️ Неуморните маршали кои самопожртвувано се впуштаат во секакви опасности со цел да го фатат убиецот Берик, ги предводи заклетвата пред законот, но и интимната блискост која се создава помеѓу двајцата соработници.

✳️ Се чини дека и двете страни се подготвени да одат до крајност во својата намера - маршалите успешно да ја завршат својата акција, а Берик и по цена на уште мртви тела да ја заработи својата слобода.

✳️ „Бегство“ е многу повеќе од неизвесна приказна, низ овие страници ќе се почувствувате како и вие да сте на едната страна - оној што бега или оние од кого се бега.

✳️ Прв дел од серијалот „Американски маршали“, официјално во продажба, во издание на Издавачка Куќа Збор. 😉

70 views0 comments
bottom of page