top of page
Search

Рецензија за „Добро утро, љубов!“


Марина Кљаијќ


Исклучително моќна приказна за семејните вредности, за радоста од искачувањата на животните скалила, за преиспитувањето на моралните и етички вредности во турбулентни ситуации, но пред сѐ, за љубовта и себевреднувањето.

Без разлика колку и да не' одведе животот на различни страни, секогаш тргнуваме и се враќаме кон нашата основна, нашите корени - нашето семејство.

Приказната не води преку еден настан низ животната сторија на Дарија. Успешна, млада жена, чија личност е задоена во беспрекорна семејна идила, опкружена со љубов на најмилите, се соочила со големо животно искушение, кое го издржала стоечки. После години од тоа искуство, ставена е пред голем испит - да се соочи со својата најголема дамнешна болка, чии рани, се чини, заздравеле.

Семејството, љубовта, простувањето, продолжувањето напред - теми кои во оваа книга се вешто обработени. Случувањата од приказната се целосно впивачки, раскажани со таква длабока сентименталност.

Стилот на авторката е нешто посебно. Секоја реченица е исткајана така што ја доживував како најслатка мелодија за душа, со таква свежина, интензитет и моќ.

Се враќа ли доброто со добро? - прашање кое се наметнува читајќи го ова дело.

Дали суштината во добродетелството е очекувањето да ни биде возвратено во иста мера или всушност, добрината е нешто што може да се даде само доколку ја содржиме во себе, доколу извира искрено и чисто...


Жалам што, како и секогаш, не ви откривам многу од содржината, но сметам на вашата доверба и топло ви ја препорачувам оваа книга, која, пак ќе кажам, е напишана во таков стил, кој со еден збор е магичен.


48 views0 comments
bottom of page