top of page
Search

Рецензија за „Никогаш не откажувај се“

Updated: Apr 8, 2022

Денис Бојаров

Никогаш нема да се откажам од тестенини... А дали знаете од што нема да се откаже главната хероина во оваа книга? Нормално дека не знаете и нормално дека нема да ви кажам.

Вилоу Андерсон тргнува по стапките на својот дедо, чија работа останувајќи преполовена, неговата внука, која е форензички генеалог, се нафаќа да го расветли детективскиот случај, кој останува нерешен дваесетина години.

Имено, се работи за бебе што е киднапирано од болница, но мајката на бебето никогаш не престанува да го бара, гаејќи надежи дека нејзиното бебуле е сѐ уште таму некаде, живо и здраво, киднапирано од луѓе што го сакаат, но немале среќа во животот да добијат сопствено, биолошко дете.


Истражувачкиот случај станува уште поинтересен кога во потрагата се вклучува и Остин, поранешното момче на Вилоу, па во продолжение следуваат романтични и возбудливи моменти кои ќе ви помогнат да ги запознаете ликовите во целост, со сето нивно темно минато и светла иднина.

Приказната е многу интересна и интригантна, така што и оваа книга ја сместувам во оние што не можеме да ги оставиме сѐ додека не ги прочитаме.

Ми беше задоволство што токму мене ми се падна честа да ја лекторирам оваа книга. Навистина уживав во неа, ми требаше некој возбудлив трилер за опуштање. Ако ви треба и вам, насловот што носи петка овој пат е „Никогаш не откажувај се“.

73 views0 comments
bottom of page