top of page
Search

Рецензија од читател за „Украдено детство“

Сања Талеска

Просечно македонско семејство. Татко, мајка и нивната ќерка. Животот тече беспрекорно. Не живеат во изобилие но имаат убав и достоинствен живот. Или само навидум изгледа така? Дали е сè во ред или зад сето тоа се крие нешто, некоја тајна која за многу брзо ќе биде откриена.

Суеверие, стар обичај, верно или неверно за помодерното општество. На почеток сè е убаво , потоа недоразбирање, откривање на долго чуваната тања, крај за една родителска љубов кон своите чеда, скршени срца и многу солзи. Потоа пак среќа,нова љубов и принова.

Среќа па повторно солзи-овој пат поболни од кога и да е.И една реалност која колку и да е тешко да признаеме сега во овој момент некој-ја ја живее не по своја желба и во обичниот живот. Дрога,проституција - пороците на современиот век и модерното општество.Сето тоа добро обработено,смислено, реализирано и прикажано на стотина страници.

Мала книга но одлична приказна.

Приказна која ќе допре до секој што ќе ја прочита и нема да остане рамнодушен во тоа сум убедена.

Приказната ми беше одлична истовремено и многу тажна.

Дали требало да има повеќе страни, повеќе описи, поголеми осврти на настаните?

Мое мислење - да иако не сум стручна да кажувам за тоа, само кажувам од читателски аспект.

Но како што рековме ова е дебитантно дело на авторката така да со текот на времето ќе има шанси да се надоградува и напредува.

191 views0 comments
bottom of page